Гори нашиот хотел, сè е во пламен: Јелена Карлеуша евакуирана поради пожарот кој уште беснее во Бодрум

Српската пејачка Јелена Карлеуша летува во Турција со своето семејство, а како што дознаваат српските медиуми преку нејзиниот Инстаграм, се запалила шумата до хотелот каде што престојувале.

Поради ова, била наредена итна евакуација на гостите од сите околни хотели.

Јелена Карлеуша го снимила целиот настан и го објави на Инстаграм, а на видеото се слушаат гласовите на другите гости во паника.

„Нема да верувате што се случува во нашиот фенси хотел, станува сè полошо. Тие само дојдоа да не евакуираат. Еве, јас сум тука со децата. Знаете, ова е хаос”, рече Јелена додека ги смирува децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Шумскиот пожар што вчера околу 12 часот по наше време го зафати југот на Турција кај Бодрум сè уште не е изгаснат.

Во пожарот што веќе втор ден беснее на југот на Турција, две села се целосно изгорени, а три лица загинаа.

Scroll to Top