Готово е! – По две години, Јелена Розга раскина со дечкото

Како што пишуваат хрватските медиуми, двојката стави точка на емотивната врска.

Јелена Розга и Хаусер ја завршија врската што ја започнаа во 2015 година.

Оваа вест беше изненадување за сите кои беа упатени во врската на двајцата музичари, која важеше за една од најмирните на јавната сцена, без никакви незгоди и скандали.

Иако и двајцата истакнаа дека го препознале партнерот за цел живот, нешто што го одбележаа и со свршувачка, се чини дека, сепак, постоела цврста причина поради која врската не успеа да се одржи на нозе.

Причината поради која раскинаа Јелена и Хаусер не сакаат да ја изнесат во јавност, а како што пишуваат хрватските медиуми, секој сака да тргне по својот пат.

Јелена и Хаусер заедно беа 2,5 години, а како што тврди извор близок до двојката, сакаат и понатаму да бидат во добри односи.

Scroll to Top