Гоца Божиновска правела бизнис со мигранти

Српската фолк-пејачка Гоца Божиновска е уапсена, па казнета со 200.000 динари бидејќи го изнајмувала нејзиниот стан на мигранти. Според судската пресуда, таа е одговорна за непријавен престој на лица во нејзиниот стан, неплаќање данок на приходите од изнајмувањето и поради тоа што не склучила договор со лицата што живееле во станот, а полицијата ги пронашла при претрес. „Гоца правела бизнис со мигрантите, зарадботувала на црно“, пишуваат медиумите во регионот.

Акцијата за апсење мигранти била спроведена лани во септември. Јавноста била известена дека во два стана се пронајдени 45 странски граѓани кои таму престојувале илегално. Тогаш е објавено и дека една од недвижностите ѝ припаѓа на пејачката.

По апсењето, Гоца во својот исказ кажала дека не знаела дека тие престојуваат во нејзиниот стан, а дека таа го изнајмила стсанот на некој човек, па претпоставува дека тој им го изнајмил на мигрантите. Бидејќи таа не го открила неговото име, судот донел пресуда за пејачката да плати парична казна.

 

Scroll to Top