Гоца Тражан откри дека најдобриот другар пробал да ја силува

By

Српската пејачка Гоца Тржан раскажа дека кога имала 18 години нејзиниот најдобар пријател пробал да ја силува. Гоца вели дека тој ја злоупотребил нејзината доверба и се обидел сексуално да ја нападне, но сепак успеала да се одбрани.

dobivaj vesti na viber

„Доживеав непријатност како девојче, како и многу жени, но мислам дека стануваат свесни за тоа дури кога ќе пораснат. Повеќето жени доживеале некаков вид на сексуална злоупотреба во својот живот. И јас исто“, изјави пејачката во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.

Гоца потоа рече и дека молчела затоа тоа било едно од најлошите искуства во нејзиниот живот и таа само сакала да го заборави.

„Со мојот пријател бевме многу блиски, имав безгранична доверба во него, а тој го искористи тоа. Не ни сонував дека некогаш ќе се обиде да ми наштети, а сакаше да ме натера на секс. Сакав само да го заборавам тој пекол, па молчев. Не го пријавив затоа што се плашев од осуда на околината: ‘Што правеше сама со него?’ Мислам дека и денеска жртвите молчат од истата причина“,рекла пејачката.

Гоца затоа сега ги советува сите жени внимателно да избираат пријатели и партнери.

„Девојките треба да ги научиме да бидат опкружени со мажи на кои во секое време ќе можат да им кажат не и да бидат сигурни дека некој ќе ги слуша. Кога влегуваат во врска треба да внимаваат како дечкото се однесува со луѓето во неговата околина, сообраќајот. Ако има некакви индикации за насилничко однесување со него, тоа значи дека тоа однесување нема да ве заобиколи ниту вас“, вели Тржан.

Ќе ви се допадне