Гоца Тржан е во Прага на вештачко оплодување: Знам дека овој пат ќе успееме

By

Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ се во Прага каде што пејачката има закажано процедура за ин витро оплодување на една од познатите чешки клиники, пишуваат српските медиуми. Тие не кријат дека сакаат да имаат дете и дека веќе два пати се обиделе да станат родители со вештачко оплодување, но дека тоа било неуспешно.

Тржан одамна зборува отворено за ин витро оплодувањето и обидите да добијат бебе со Раша.

„Само жените кои поминуваат низ процес на ин витро оплодување знаат колку е навистина тешко. Со месеци пред да заминете, одите на тестови и ви земаат крв на неколку дена, а потоа ја носите на лекар. Додека не се случи самиот процес, треба да се исполнат одредени услови, а покрај сето тоа, вие работите и сте посветени на бројни обврски. Зборувам за сето ова јавно затоа што многу жени сметаат дека тоа е голема табу тема, а всушност е многу важно за нашата земја да има деца. Многу луѓе мислат дека е лесно, но всушност тоа е една сериозна работа што треба да се посветите максимално“, рече пејачката неодамна.

Таа вели дека сака да има дете со Раша, со кого е седум години во брак, и дека не ѝ е важно дали ќе е момче или девојче. Од првиот брак со Иван Маринковиќ, Тржан ја има ќерката Лена.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven animeheavens: Watch Naruto (Dub) Episode 23 (https://animeheaven.pro/m/rMX/ep-23)

AnimeDao animedao website reddit: Boruto: Naruto Next Generations Episode 194