Гоца Тржан ја поддржа Беквалац по повод физичкиот напад

Пејачката Гоца Тржан никогаш не криела дека во една своја љубовна врска претрпела физичко насилство, а повеќепати апелирала дека треба да се застане на патот на насилството врз жените. Сега Гоца проговори и во врска со случајот на Наташа Беквалац.

„Без патетична желба да собирам лајкови на твитовите за насилството врз жените затоа што не сакам да ѝ долевам сол на раната, секогаш најмногу се разочарувам поради фактот што жената на жена е најголем волк и најлоша инквизација“, напишала Гоца на својот „Твитер“.

За потсетување, Лука ноќта меѓу петокот и саботата дошол во алкохолизирана состојба, а кога Наташа ги видела љубовните пораки што ги пишувал со друга жена на неговиот телефон, дошло до расправија. Лука на пејачката и нанел неколку повреди на главата и окото. Беквалац потоа се упатила во Ургентниот центар, која го посетила неколку пати, затоа што добила потрес на мозокот, а на Лазукиќ му е изречена мерка за забрана за приближување на Наташа Беквалац.

 

Scroll to Top