Гоца Тржан третпат не успеа да остане бремена со ин витро: Немам веќе сила за ова

Српската пејачка Гоца Тржан (47) откри дека ни третото ин-витро не успеало и дека таа не е бремена, иако неодамна беше во клиника во Прага. Таа не криеше дека е разочарана што не успеала да забремени, и за српските медиуми откри дека најверојатно веќе нема ни да се обидува.

„Јас дури и не знам дали сакам да се обидам повторно. Отсекогаш отворено зборував за ин витро оплодувањето, со цел да ги охрабрам сите парови да се борат, но веќе немам сила. Нека зборуваат некои други луѓе, не сакам повеќе“, рече Гоца.

„Месеци пред да одите на вонтелесно оплодување, треба да направите анализа. Тие ви земаат крв на секои неколку дена, така што резултатите треба да ги однесете на лекар, потоа повторно во лабораторија, па повторно на лекар. И така во круг. Многумина сметаат дека процесот е лесен, но не е“, додаде пејачката.

Таа кажа и дека има бројни проблеми, меѓу кои и хормонална реакција.

„Ми се случува целата да отечам, моите хормони дивеат. Отсекогаш сум бил психички силна, но ми беше многу тешко секогаш кога оплодувањето ќе пропаднеше, кога ништо не се фаќаше. Овојапт е најлошо,“ рекла Тржан.

Пејачката од првиот брак ја има ќерката Лена.

Scroll to Top