Гвардиол во Загреб се шиша во салон на бегалец од Египет

Ајман Јусуф е бегалец од Египет. Живее и работи во Загреб. Има 32 години и по професија е фризер. Пред осум години отвори свој фризерски салон во загребски Врбик. Многу луѓе доаѓаат кај него да се шишаат, а неодамна го посети и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол.

Ајман на социјалните мрежи објави фотографија со Гвардиола и покажа каква фризура му направил.

„Најдобриот дефанзивец на светот“, напишал Јусиф.

Јошко гордо позираше со новата фризура, додека Ајман имаше маска на лицето како онаа што Гвардиол ја носеше на Светското првенство во Катар.

Претходно Јусиф имаше можност да ја скрати косата на фудбалскиот репрезентативец Шима Врсаљко, Алжирецот Судани кој своевремено играше во Динамо Загреб, Дин Котига, Јосип Шутал и многу други.

Scroll to Top