Халид Бешлиќ доаѓа во Скопје, прв голем концерт на босанската ѕвезда

Еден од најпознатите босанки музичари, Халид Бешлиќ доаѓа во Скопје на 26. ноември во „Арена Борис Трајковски“.

„Музиката не е професија, музиката е нешто кое многу го сакам и така ќе биде до самиот крај“ – вели Бешлиќ кој сите овие години важи за еден од омилените на Балканот.

Тој доаѓа за прв пат ќе има во Скопје, со голем концерт за да ги отсвири сите хитови од неговата богата музичка кариера, како: „Миљацка“, „Први пољубац“, „Ја без тебе не могу да живим“ и уште многу други.

Првата песна „ Грешница“ го сними во 1979 година и одтогаш се објавени 22 објавени студиски албуми, кои се продадени во милиони копии, а во текот на неговата долгогодишна кариера добитник е на бројни награди и признанија. Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и ги има преку продажната мрежа на kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2.

Scroll to Top