Халид Муслимовиќ на бившата мора да ѝ плати 67.000 евра

By

Пејачот на народна музика Халид Муслимовиќ повторно изгуби на суд од бившата љубовница Соња Башиќ и ќе мора да ѝ плати 67.000 евра. Неговата жалба во окружниот суд во Приједор денес беше одбиена, а пресудата од 2020 година потврдена.

dobivaj vesti na viber

Судот донесе пресуда дека пејачот е должен да плати, затоа што претходно Соња преку апликација за пренос на пари му префрлила 100.000 евра. Покрај долгот, Муслимовиќ ќе мора да ги плати и судските трошоци во износ од 4000 евра. За целата ситуација се огласи и Соња.

„Правдата е бавна, ама стигна. Нека Халид ги подготви и клучевите од куќата, затоа што тоа е следен потег“, рече Соња за „Телеграф.рс“.

Соња финансиски му помогна на Халид во периодот од 2015 до 2018 година и тврди дека на рака му дала 35.000 евра. Судот не го уважи тој износ, затоа што не постоел доказ.

 

Ќе ви се допадне