Хари Мата Хари завршил во болница поради вијагра

Босанскот пејач Хари Варешановиќ, неодамна заврши во приватна болница во Сараево, наводно заради вијаграта која го доведе до благ срцев удар. Како што пишува „Ало.рс“ Хари морал да оди на лекар поради проблеми со срцето откако земал  две таблети истовремено.

„ Пред неколку дена, Хари посети приватна клиника во Сараево заради проблеми со срцето. Потоа им се пожалил на лекарите за болка во градите и тахикардија и им признал дека никогаш не доживеал вакво нешто – вели извор близок до пејачот и објаснува дека Хари тогаш им признал на лекарите дека земал таблети за потенцијата.

„Тој им рече дека земал две таблети истовремено, наместо препорачаната доза, како што беше напишано. Лекарите ги извршиле сите анализи , а пејачот брзо бил испратен на домашно лекување.

На прашањето дали е вистина, Хари рекол: “Каде ги добивте овие информации и за кого навистина ми е гајле . –ЊМоето срце е здраво како дрен.  Јас изгледам и се чувствувам најмалку 20 години помладо, во полна сила и верен сум на личноста што ја сакам. Никогаш нема да кажам дали сум земал вијагра“,изјавил  рече Хари за „Ало.рс“

Scroll to Top