Хари Варешановиќ заглави со коцка, позајмува пари заради големи долгови

Хари Варешановиќ (62) е во многу тешка ситуација, пишуваат регионалните медиуми за популарниот пејач. Се зборува дека им големи проблеми заради коцкање.

„Хари се коцка со години и тоа го знаат сите што го познаваат и се блиски со него. Започна заради забава, ама со текот на времето сериозно стана зависник од овој порок. Влогот се зголеми како и добивките, но во последно време среќата не му оди во прилог, па изгуби сè што некогаш освои на коцка но и се она што го заработи од пеењето, вели за српските медиуми извор близок до Варешановиќ.

Според кажувањата за време на пандемијата, кога немаше настапи или концерти, Хари ги посетувал казината повеќе од кога било и спасот го барал во нив.

Се шушка дека прокоцкал огромен недвижен имот што го стекнал со години и дека е дојден до фаза да позајмува пари и да зема кредити за да се ослободи од долгови, вели изворот.

Одредени портали пишуваа за ова уште во 2016 година, но пејачот тогаш демантираше се, нагласувајќи дека успехот секогаш му бил оспоруван. Неговите пријатели тогаш го бранеа велејќи дека коцкањето не е негов порок туку забава.

Хари Мата Хари: Никогаш не сум имал проблем со коцкање

Никогаш немав проблеми со дрога, алкохол и коцкање. Единствено не се спасив од жените, а тоа мојот омилен порок.

Со  сопругата останав во брак, компромисен брак, поради децата –рече во едно интервју Хари.

Варешановиќ закажа настап за првиот ден по Рамазан, во Дубаи. Како што се пишува, тој бил ангажиран да пее во хотел, а освен големиот хонорар, пејачот од организаторите барал авионски билети за себе и неговиот бенд, сместување, храна. Единствено што нема да може да се коцка во казина таму, бидејќи за коцкање таму се оди во затвор.

Scroll to Top