Харис Џиновиќ присуствуваше на закажаното рочиште со поранешната сопруга Мелина за поделба на имотот, а за српски Блиц се осврна на разводот, но не сакаше да коментира за судската постапка.
„Не одговарам ништо на таа тема. Ова е процедурално рочиште во врска со разводот. Бен Афлек двапати се разведуваше, зошто не би можел и јас да го направам тоа“, изјави пејачот.
На прашањето дали планира повторно да се жени, тој одговори: „Не верувам. Не знам зошто би. Разводите се слеваат од сите страни. Тоа е сосема неважно, сето тоа може да биде лесно. Такво е времето, тоа е она што луѓето го сакаат… Но јас не го копам по туѓите работи“.
Тој беше прашан и дали е повторно вљубен. „Ох, не. Таман работа да се заљубам на оваа возраст“, кратко изјави Харис.
Во март Харис се разведе од сопругата Мелина, со која има две деца.