Видео од свадба во Хрватска стана вирален хит откако беше објавено на профилите на Volim Hrvatsku.
Имено, видеото ја прикажува невестата како се спушта од балконот до младоженецот по сајла.
„Ако мислевте дека сте виделе сè на свадби… 😂❤️🔥“, пишува во описот на видеото, кое е лајкувано десетици илјади пати на Инстаграм и Фејсбук, а прегледано стотици илјади пати.