Хрват ќе го глуми Тома Здравковиќ

Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ ги завршува подготовките за снимањето на филмот „Тома“, приказна за животот и кариерата на Тома Здравковиќ. Ликот на еден од најголемите српски боеми и пејачи ќе го глуми хрватскиот актер Горан Богдан. Биографскиот филм ќе почне да се снима на пролет, а ќе се фокусира на трагичниот живот на уметникот, на сопругата Гордана, но и на неговите големи љубови, меѓу кои и пејачката Силвана Арменулиќ.

„Со месеци баравме глумец што совршено ќе го долови ликот на Тома. Работите се полесни откако го пронајдовме Горан. Сега останува да избреме глумица што ќе ја игра Силвана Арменулиќ. Можеби тоа нема да биде глумица, туку пејачка, иако неколку познати актерки конкурираат за улогата“, рекол извор близок до продукцијата за српски „Курир“.

Сценарист на филмот е Никола Пејаковиќ.

Инаку, освен филм, ќе се снима и серија со истото име. Јоксимовиќ работи на „Тома“, но паралелно работи и на филмот „Српскиот Манчестер“, каде што ќе биде автор на музиката.

Scroll to Top