Хрватите ја хејтаат Карлеуша, ѝ мавнаа корпа за настап на фестивал

Хрватската публика не сака српски пејачи да ги забавуваат ова лето на традиционалниот фестивал „Островот на љубовта“ кој се одржува на островот Барбаринац во заливот Каштела.

На овој фестивал требало да настапат некои од најголемите српски ѕвезди, како Јелена Карлеуша, Харис Џиновиќ, како и Аца Лукас, но одлуката на градоначалникот Ивановиќ не им се допаднала на „Татковинското движење Каштела“ па се огласиле на Фејсбук.

„Градоначалник Ивановиќ, зошто дозволивте Карлеуша и Аца Лукас да настапат на Барбаринац?-Островот Барбаринац е археолошки локалитет со морска и копнена археолошка зона во заливот Каштела. Тоа е омилено излетничко место на Каштелани, Врањичани, Солињан и Сплит. И ова лето станува место за забава, а „Островот на љубовта“ на островот Барбаринац со години е техно забава, оаза која беше посетена и запаметена по добрата забава. Годинава на „Островот на љубовта“ гостуваат Јелена Карлеуша, Аца Лукас и Харис Џиновиќ. Домородното движење Каштела смета дека овој музички израз не припаѓа на нашето поднебје и дека мораме да ја зачуваме медитеранската и европската култура на која припаѓаме“, напишаа на својата Фејсбук страница од Движењето и додадоа дека се должни да ги зачуваат културните добра.

Фестивалот „Островот на љубовта“ се одржува од 12 до 18 јули кој го посетуваат домашни и бројни странски туристи.

„Музиката ја обликува нашата реалност и социјална филозофија, а гореспоменатите изведувачи припаѓаат на поинаков идентитет. „Валкан театар“ го отвора фестивалот и по нив во текот на јули бројни гости ќе ги слушаат Карлеуша, Лукас и Џиновиќ, без разлика дали во тој момент биле во Барбаринац или не. Ние сме должни да го заштитиме културниот имот, а за тоа какви настани ќе се организираат на островот треба да се погрижи градот Каштела кој доделил концесија за заштитеното културно добро“, наведуваат на својата Фејсбук страница.

На ваквиот став на локалното население каде требало да настапи српската пејачка се огласи и Карлеуша и за српски Телеграф истакнала дека ваквото движење немало поим за музика.

„Движењето за татковината очигледно нема поим кога е музиката во прашање или што припаѓа на нашето поднебје. Јас настапувам, подобро се вклопувам во европските стандарди што ги споменуваат, па нека не зборуваат за нешто за што немаат поим. Ако им е проблем што доаѓам од Србија, нека си замислат дека доаѓам од Марс и се ќе биде во ред. Хрватската публика ме обожава, а овие лажни експерти и моралисти секогаш биле и ќе бидат. Нека дојдат на мојот концерт да видат вистинска светска ѕвезда“, изјавила пејачката.

Неодамна градоначалникот на Пула, Филип Зориќ забрани концерт на народна музика во тој град, а потоа истото го направи и градоначалникот на Осиек, бидејќи и таму требаше да се одржи. На споменатиот концерт, покрај споменатите пејачи, требаше да учествуваат и Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.

 

Scroll to Top