Хрватите му забранија на Саша Ковачевиќ да одржи концерт

На Саша Ковачевиќ му е забрането да одржи концерт во Хрваткса. По претходно откажани настапи на Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Зорана Миќановиќ, Жељко Самарџиќ, Душко Кулиш, Јелена Карлеуша, Хрватите се побунија и за Саша Ковачевиќ кој требаше да одржи концерт во Бибиње на 24 октомври.

Дека концерт нема да има напиша и организаторот на социјалните мрежи:

„На наше огромно жалење како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ кој беше закажан за 24 октомври. Во нашата работа се водиме од политика на транспарентна комуникација, почитувајќи ги ставовите и мислењата на жителите на општина Бибиње и другите локални жители, поради чие несогласување со нашиот избор на изведувачи ја донесовме оваа тешка одлука. Ви благодариме за разбирањето и се гледаме наскоро“, објавија тие.

Scroll to Top