Хрватски инспектор е новата љубов на Даниела Мартиновиќ

Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ открива дека е повторно заљубена. Таа за магазинот „Глорија“ откри дека повторно е во љубовна врска откако ја прекина 25 годишната врска со 46 годишниот Петар Грашо.

Мартиновиќ откри дека е во врска со хрватскиот инспекторот Јосип Плавиќ.

Како што кажува 51 годишната пејачка, 49 годишниот инспектор го запознала кога нејзината адвокатка пред некаде околу една година поднела пријава за крадење на нејзиниот идентитет преку интернет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.

„Се започна со еден непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека делиме исти вредности, поглед на животот и светот отколку нас, па дури и по неколку соништа“, изјавила Мартиновиќ за „Глорија“.

Scroll to Top