По шест години врска, пејачката Франка Бателиќ и фудбалскиот репрезентативец Ведран Чорлука се венчаа. Иако нивната врска е долговечна, повеќето хрватски фудбалски репрезентативци, кои го освоија второто место на Светското првенство, со своите партнерки се заедно од средношколските денови.
Даниел Субашиќ и неговата девојка Антонија Боза се во врска 16 години и живеат заедно во Монте Карло. Се запознале како средношколци, а иако таткото на Антонија се противел на нивната врска затоа што таткото на Даниел е православен, сепак нивната љубов ги заобиколила сите пречки.
„Моја жена, моја кралица. Љубовта се нарекува со твоето име“, порачал Даниел по Светското првенство.
Во средношколските клупи почнала и љубовта на Иван Перишиќ и неговата сопруга Јосип. Седеле во иста клупа. Се венчале во 2012 година, а во бракот го добиле синот Леонард, а потоа и ќерката Мануела.
Во моментот живеат во Италија, каде што Иван игра за „Интер“.
Слободното време го користат за патувања, а Јосип и децата често го следат Иван на мечевите во Европа.
Матео Ковачиќ и неговата сопруга Изабел исто така се запознале како средношколци, но во црква. Таа пеела во хорот во црквата „Свети Антун Падовански“. Набргу почнале да излегуваат, а кога тој почнал да игра за „Интер“, Изабел се преселила со него во Милано. Во моментот живеат во Мадрид, каде што тој игра за „Реал Мадрид“.Се венчале во црквата во која се запознале лани, а свадбената прослава продолжила во познат хотел во Загреб.
И Шиме Врсаљко својата сопруга Матеу ја запознал додека биле деца. Почнале да излегуваат додека биле во средно училиште, а потоа и се венчале. Пред еден месец станале родители на синот Бруно.
Лука Модриќ својата Вања ја запознал на работа, односно во „Динамо“, каде што таа работела. Се венчале во 2011 година, а својот приватен живот го чуваат далеку од очите на јавноста. Познато е дека имаат три деца, синот Иван и ќерките Ема и Софија.
Франка и Чорлука се запознале во 2012 година. Тој поради неа прекинал со тогашната девојка Лана Чермак, а иако се чинело дека тоа ќе биде летна романса, Франка и Ведран сериозно се зaљубиле еден во друг. Таа со него се преселила во Москва, каде што тој игра за „Локомотив“, а на почетокот на врската Чорлука изјавил дека се надева оти сите ќе го пронајдат тоа што тој го пронашол во Франка.
Нивната венчавка, која беше викендов, многумина ја протолкуваа како венчавка на годината.
Најромантичната приказна е на Иван Ракитиќ, кој својата сопруга Раквел ја запознал во бар во хотел. Иако на почетокот само нарачувал пијалаци од неа, на својот брат му рекол дека еден ден ќе ја ожени. Иако таа одбила да биде со него затоа што е фудбалер и мислела дека многу бргу ќе ја напушти, сепак на крајот попуштила. Се венчале во 2013 година во Севилја.