Откако репрезентацијата на Хрватска влезе во финалето на Светското првенство во фудбал, министрите од хрватската влада денес на седница дојдоа облечени во хрватски дерсови. Медиумите пишуваат дека двајца министри дошле во неоригинални дресови, еден носел само шал, а дека повеќето носеле стари дресови. Само неколку од нив носеле нови оригинални дресови. Новиот оригинален дрес на хрватската репрезентација, направен за ова Светско првенство, чини околу 90 евра.