„И другите луѓе имаат чувства“, ќерката на Карлеуша им одговори на хејтерите на „Тик-ток“

Помладата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша, Ника, беше цел вербални напади на популарната социјална мрежа „Тик-ток“. Еден од нејзините пријатели на едно од објавените видеа ѝ напишал недоличен коментар и ја навредил со погрдни зборови.

Таквиот коментар силно ја погодил Ника, која не му остана должна и веднаш му одговори со ново видео, во кое таа му порача дека имала цел само да ги забавува фановите.

„Сега имам и хејт-коментар. Јас сакав само да уживате во моите видеа, но изгледа дека ова лице не уживаше и ме навреди. Не е убаво тоа. И другите луѓе имаат чувства, исто како ти“, му напиша Ника.

Ника редовно објавува видеа на популарната друштвена мрежа „Тик-ток“ и често е цел на навреди. Покрај Ника, Карлеуша со Душко Тошиќ ја има и една година постарата ќерка, 12-годишната Атина.

Карлеуша за своите ќерки вели дека се фини и прекрасни. Воспитани се како што треба и ги имаат сите петки во училиште. Таа за себе вели дека и покрај тоа што за неа се зборуваат многу работи во јавноста, таа е прекрасна мајка.

„Можам само да ви кажам дека моите деца се гордеат со мене, исто како што и јас со нив“, изјавила Карлеуша.

Scroll to Top