И го украде мажот на својата колешка, а месец дена по породувањето загина со бебето во раце: Животната приказна на Ена Беговиќ

Животната приказна на Ена Беговиќ е полна со интересни детали, а голема трагедија и стави крај на животот. 

Една од најубавите југословенски актерки  без сомение е Ена Беговиќ. Родена на 8 јули 1960 година во Трпањ, Хрватска, а  почина трагично пред 23 години. По несреќета нејзините пријатели долго време велеа дека таа ја претчувствувала својата смрт.

Во релативно кратка кариера, таа остави печат  на југословенската филмска и театарска сцена. Работела  со полна пареа од 1978 година до нејзината прерана и трагична смрт во 2000 година. Како 21-годишна студентка во втора година на Академијата за драмски уметности во Загреб, таа игра во  „Окупација во 26 слики“ на Лордан Зафрановиќ, а набрзо потоа ја доби првата улога во ТВ филмот „Иван Горан Ковачиќ“.

За дваесет години таа одигра 51 театарска, 16 филмска и 28 телевизиска улога. Можеби најпозната беше нејзина улога на бароницата Кастели во Глембајеви, за која во 1988 година ја освои Златната арена за епизодна женска улога, но ја одби наградата бидејќи ја сметаше за главна улога.

По завршувањето на основното училиште во Трпањ на Пељешац, Ена посетувала гимназија во Дубровник. Како студентка извесен период живеела и во студентски дом. Иако ја опишуваат како исклучително топла личност и пријателски расположена, таа била прилично импулсивна и бестрашна во исто време, па дури била исфрлена од студенскиот дом. 

Покрај актерскиот талент, Ена го маѓепса регионот со својата ненадмината убавина и беше една од најубавите југословенски диви.  Пред трагично да загине таа по само врка од  55 дена се омажи за бизнисменот Јосип Радељак, кој поради Беговиќ се разведе од актерката Беба Лончар. Ена ја роди ќерката Леа, а на 4о години загина во трагична сообраќајна несреќа на островот  Брач, само 45 дена по породувањео.

Страшна несреќа и стави крај на животот тој кобен 15 август,  кога Ена со Јосип, неговиот син Лео, нејзината мајка Тереза ​​и ќеркичката Лана тргнаа од вилата во Супетар на Брач, за да ја посетат својот пријател, композиторот Стипица Калоѓера. Никој не се сомневал дека тоа е нејзиното последно патување.

Автомобилот го управувал неискусниот Лео кој го згрешил патот, па продолжил да вози по тесен, стрмен пат меѓу куќите. Во еден момент се удрил на карпа и го скршил светлото, поради што Јосип инсистирал да го преземе воланот. Двајцата излегле од автомобилот кој почнал неконтролирано да се лизга наназад, по што џипот завршил во провалија.

Од несреќата со повреди излегле Тереза, мајката на Ена, како и малата Лана. Ена за жал испаднала од автомобилот и се здобила со повреди поради кои набро почина. 

По трагедијата следеше судење кое траеше седум години. Лео Радељак е ослободен од обвиненијата, а за несреќата е обвинет неисправниот менувач на џипот.

Но за сето врме до кобната несреќа, Ена имала страв  од возење со автомобил и автобус и  како да претчувствувала смрт. Толку се плашела од возењето што поради тоа побарала стручна помош, а по несреќата во која предходно  самата учествувала во 1996 година, во која животот го загубил мотоциклист, а нејзината пријателка се здобила со тешки повреди, фобијата дополнително и се влошила.

Виновник за несреќа тогаш  беше самата Ена, која потоа беше осудена на три години условна,  но нејзината поголема казна беше силен психолошки шок од кој никогаш не закрепна целосно.

По нејзината смрт, Јосип Радољак се омажи со водителката Влатка Покос, а по разделбата со неа, беше во љубов и со младата глумица Долорс Ламбаша, која исто така загна во сообраќајна несреќа.

Scroll to Top