Хрватите ѝ забранија настап на Карлеуша: ако им е проблем Србија, нека замислат дека доаѓам од Марс

Властите во Хрватска ѝ забранија настап на Јелена Карлеуша. Пејачката требаше да пее на островот Барбаринац, но концертот беше откажан.

„Со жалење ги известувам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац, властите во Хрватска го откажаа. Причината е шокантна и срамн, бидејќи доаѓам од Србија“, напиша Карлеуша на „Инстаграм“.

„Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам, расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купуваа карти со порака, ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе. Нека не обедини музиката Ве сакам“, рече Карлеуша.

Ова не е првпат на српски пејачи да им се откажуваат настапите во Хрватска, а во иста ситуација се најдоа Мирослав Илиќ, Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш, Зорана Мицановиќ и многу други.

Поп ѕвездата се огласи и кога Движењето за татковината Каштела го праша градоначалникот Ивановиќ преку неговиот Фејсбук профил зошто дозволил настап на Јелена Карлеуша, Аце Лукас и Харис Џиновиќ на хрватскиот остров Барбаринац во заливот Каштела, како дел од фестивалот „Островот на Љубовта“.

„Движењето за татковината очигледно нема поим кога е музиката во прашање или што припаѓа на нашето поднебје. Јас настапувам, подобро се вклопувам во европските стандарди што ги споменуваат, па нека не зборуваат за нешто за што немаат поим“, рече Јелена.

„Ако им е проблем што доаѓам од Србија, нека си замислат дека доаѓам од Марс и се ќе биде во ред. Хрватската публика ме обожава, а овие лажни експерти и моралисти секогаш биле и ќе бидат. Нека дојдат на мојот концерт да видат вистинска светска ѕвезда“, рече Карлеуша.

Scroll to Top