Српската актерка Ева Рас веќе 19 години се бори со ракот и оттогаш е на строга диета, благодарение на која успева да се одржи во живот. Таа речиси никогаш јавно не зборува за својата болест во медиумите, но овој пат за тамошните медуми одлучи да си ја отвори душата и отворено да зборува на оваа тема.
„Вие пишувате во медиумите дека пет пати сум го победила ракот. Не може да го победите ракот ниту еднаш. Јас во април се оперирав од тумор на лицето, дури и таму ми излезе. Кај најде таму да излезе, кога имам толку други места по телото“, се пошегува Рас на своја сметка.
Таа откри дека легендарната актерка Милена Дравиќ, со која била добра пријателка, добила рак две години пред неа и нејзиниот рак мирувал 17 години, додека ракот кај Рас мирувал 19 години и потоа ѝ се јавил во пределот на образот, од каде подоцна бил отстранет со хируршка интервенција.
„Луѓето не умираат од болести моментално, па јас дури и корона имав, па ни од тоа не умрев“, вели таа.
Рас покрај со актерството, се занимава и со пишување. Таа неодамна ја објави книгата „Галактичка Еврејка“, по повод 50 години од издавањето на нејзиниот прв роман.
За потсетување, актерката доживеа две огромни животни трагедии, откако најпрво го загуби сопругот Радомир Стевиќ Рас на 50-годишна возраст од срцев удар, а потоа и ќерката Круна на 24 години од засега неразјаснети околности. По смртта на сопругот, никогаш не ја симна црнината од себе.
Ми умреа ќерката и мажот, а јас добив рак: Потресна исповед на актерката Ева Рас