Ми умреа ќерката и мажот, а јас добив рак: Потресна исповед на актерката Ева Рас

Ева Рас, позната тетарска, филмска и телевизиска актерка, сликарка и писателка. Родена е на 1 јануари 1941 година во Суботица, а од свои 18 години живее во Белград. Таа во својот живот доживува многу тешки моменти, од кои дел реши да сподели јавно.

Најголемата болка таа ја доживеа кога ги изгуби 50-годишниот сопруг и 24- годишната ќерка, меѓутоа продолжи да се бори низ животот иако , завиена во црно.

Таа се омажи за славниот сликар Радомир Стевиќ Раса, со кого го основаше Националниот драмски театар во 1964 година, каде беа изведени дела од исклучиво домашни писатели. Со филмот на Душан Макавејев „Љубовен случај или или трагедија на службеничката на  ПТТ“ во 1967 година, таа се здоби со светска слава. Тогаш нејзината кариера тргна нагоре. И додека  кериерата одепе нагоре, таа приватно доживеа две трагедии.

Поточно, во 1982 година, нејзиниот сопруг почина ненадејно од срцев удар.

Ева Рас во малдоста

„Тој влезе во куќата, го соблече палтото и падна мртов, без болест, без никакви индикации  падна и умре“, раскажала Ева.  Таа вели дека никогаш не го преболела. „ Сите овие години јас сум верна на Радомир Стевиќ Рас и затоа што го сакав – вели познатата актерка.

Подоцна почина и нејзината ќерка Круна Рас. Таа умре во Париз под необјаснети околности.

„ Мојата ќерка Круна почина на 24-годишна возраст во Париз во 1993 година. Таа беше таму на студии. Се зборуваше за причините за нејзината смрт, но не сакав ништо да дематирам.  Она што никој не може да го негира е дека Круна Рас беше најмладиот српски писател што објави три книжевни ремек-дела- зборуваше за својата ќерка единица Ева Рас. Таа понатаму вели :  Јас немам никој, ја имам само професијата, но бидејќи е јавна, испаѓа дека имам амбиција. Но не, јас и сега едвај чекам да умрам.

Јас живеам затоа што тоа е Божја волја. Нас од детството не воспитуваа да се грижиме за себе. Благодарна сум на сите таги и радости во мојот живот- вели познатата актерка.

Мојата ќерка Круна почина на 24-годишна возраст во Париз во 1993 година.

Таа раскажа и за тешката болест со која се бори и ден денес, и дека ѝ е криво кога и велат дека го победила канцерот. Тешкиот животен пат по кој оди, Ева го коментира како распаѓање на системот и сите негови функции.

– Ме лечат од рак 15 години, но дали знете што се дожвевав и искусив. Испаѓа дека го победив ракот, дека тоа не е некаква опасна болест, а јас сум инвалид 15 години, како и секој кој се бори против ракот. Имаат два вида пациенти, оние кои умираат од тоа и оние кои живееме со тоа. Тоа не значи дека сме победиле. Како да е мед и млеко што јас заболев од канцер, а јас знам колку сум излечена и растурена- се зборовите на Ева Рас.

Со филмот на Душан Макавејев „Љубовен случај или или трагедија на службеничката на  ПТТ“ во 1967 година, таа се здоби со светска слава
Scroll to Top