И по 34 години љубов, ми фали кога нема да ја видам неколку дена: Боба Живојиновиќ за бракот со Брена

Поранешниот најдобар југословенски тенисер, Боба Живојиновиќ, во интервју прозборе за љубовта и бракот со Лепа Брена кои траат 34 години. Тој вели дека во карантинот, кога биле заедно цело време, сфатил дека љубовта не се сменила и дека Брена сега му фали кога се одвоени по неколку дена.

„Откога започнаа коронавирусот и карантинот, ние двајцата бевме заедно непрекинато и по 24 часа на ден. Тоа е однос којшто добива друга димензија. Сега бев две недели во Америка и, гледам, необично ми е, ми недостасува. Го гледам истото и кај неа, јас ѝ фалам. Мислам дека со сè што ни се случи, откривме нешто посилно, посветло. Го знаевме тоа и порано, но сега откриваме и мислам дека тоа ќе трае“, раскажал Боба и додал:

„Заедно со љубовта, мора да постои и почит. Што би рекла баба ми – ако земеме јаже и јас влечам на својата страна, а ти на твојата страна – што ќе се случи? Ќе пукне. А, ако ти повлечеш, а јас се пуштам, и обратно, тоа ќе трае. Истото важи и за пријателството и за работата. Некогаш мора да дадеш за да добиеш. А, за да се оствари тоа, мораш да веруваш во себе. Брена и јас сме заедно од 1987 година и, еве, издржувам некако веќе 34 години“, рекол тој.

Некогашниот тенисер вели и дека нема комплекс што Брена е поуспешна од него, па што често го ословуваат со „сопругот на Лепа Брена“, а не по име.

„Јас направив многу во мојот живот, и како тенисе и како бизнисмен, а тоа го знае и таа, па мене ми е доволно“, рекол Боба.

 

Scroll to Top