Игор ѝ го скрши мобилниот на Северина

Северина и Игор Којиќ имаат проблеми во бракот, пишува српскиот таблоид „Скандал“. Според блиски пријатели на семејството, Игор и Северина неодамна присуствувале на семејна прослава кај фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба. На прославата тие толку многу се скарале пред гостите, што Игор во лутина го фрлил мобилниот телефонот на пејачката и го скршил.

Таблоидот не открива која е причината за караницата, но според нивниот извор, Северина и Игор никогаш претходно не биле толку лути еден на друг во јавност.

Игор и Северина се во брак околу две години. Неодамна во интервју Северина откри дека сака уште едно дете и дека тоа е желба и на нејзиниот маж.

Scroll to Top