Интервју со Бариш Ардуч: Едвај чекам да имам деца

Познатиот турски актер Бариш Ардуч во најновиот број на магазинот „Хелоу“ зборува за приватниот живот, за новиот филм, за љубовта, за односот со Елчин, за Омер и Дефне….

Како те открија како глумец?

  • Тоа беше интересно. Првпат кога дојдов на часовите по глума кај Ајли Алган, таа ми рече: „Сега ќе одите низ просторијава, ама подоцна ќе те викнам и ќе ти кажам што да одглумиш“. Си реков: Сигурно прв ќе ме викне, но и така испадна. „Станав и почнав да одам низ просторијата. На почетокот ми даваше лесни задачи.

Потоа ми рече: Сега сети се на оној ден кога ти беше најтешко. И во тој миг пред мене се појави сѐ она што мислев дека ми е заборавено. Се вратив во детството. По многу плачење за сите мои тешки моменти, таа дојде до мене и ми рече: Ти ќе бидеш добар актер, немој да се откажеш од тоа.

Како се чувствуваше?

 

Се изненадив, седнав и почувствував дека сум на вистинскиот пат. Дури и најголемите животни трауми може да придонесат за нешто добро понатаму во животот. Во мојата работа многу е важно да се пробаат и добрите и лошите работи.

 

Што правеше подоцна на академијата „Сандра Алишик“?

Кога професорката Ајла ми рече дека треба да продолжам со глума, сѐ повеќе време минував учејќи ја глумата. Таа ми даде знак и сфатив дека тоа не е случајност, па решив да тргнам по тој пат. Подоцна стекнав уште еден повисок степен на драмско образование.

Се сеќаваш ли на првата сцена? Како се чувствуваше?

Секако дека памтам. Тоа беше серијата „Мала госпоѓа“, снимена за каналот ТРТ, каде што глумев хулиган. Секој аматер ќе ми позавидеше на таа улога зашто, според мене, карактерот на ликот што го глумиш, колку е поинаков од тебе, толку полесно го играш. Првиот ден на снимање немав некои емоции, не го знаев дури ни режисерот. Првата сцена беше во базен. Нешто одглумив и си мислев дека ова што сум го направил е одлично затоа што ми рекоа дека ме бидува за глума.

Ама…

Ама, бев ужасен! Нема никогаш да заборавам. Емисијата се прикажуваше во петок, па седнав возбуден пред телевизорот и толку се разочарав во себе што не ни гледав. Толку сум бил лош што и друг глас синхронизирале. Јас сум перфекционист, го исклучив телевизорот и потиштен отидов да се прошетам.

Фановите сакаат тебе и Елчин да ве видат и вистински заедно како пар. Зошто е тоа така?

Затоа што тие не сакаат Омер и Дефне да се разделат. Ја засакаа нивната љубов во серијата и баш затоа не сакаа серијата да заврши. Тие сакаат нивната љубов да продолжи и по серијата, сакаат да ги видат заедно Омер и Дефне, а не мене и Елчин.

Сигурно ви олесни тоа што работите филм со истата партнерка и режисер. Се плашевте ли дека ќе оставите ист впечаток како од серијата?

Кога работите повеќепати со иста екипа, станувате мрзливи. Кога доаѓате на снимање, ги знаете и луѓето и екипата. Ама како што реков, ние за овој филм зборувавме уште додека ја снимавме „Изнајмена љубов“. Најголем ризик е тоа гледачите пак да не нѐ доживеат како Омер и Дефне. Но, ние се потрудивме да не биде така. Режисерот особено нѐ коригира.

Движењата со телото не можеш да ги смениш, исто и мимиката, гледањето со очите, хемијата, но јас и Елчин внимаваме сега да бидеме Ада и Мерт. Мислам дека успеавме во тоа.

За соработката со Елчин

Ако филмот биде успешен, ќе снимаме продолжение, а можеби и нова серија. На снимањето се забавуваме. Особено делот каде што возам глисер беше супер. Снимавме во Истанбул, ама и на еден остров каде што поминавме пет прекрасни дена. Тука имавме навистина убави сцени. Иако играме во романтична комедија, има и акциони сцени во филмот. Елчин е одлична. Со неа би играл секогаш повторно.

Што не трпиш кај жените?

Превртливост

За каква иднина мечтаеш?

За семејство. Сакам семејство, да се оженам и да имам деца. Тоа ме прави среќен. Каде и да одам, секогаш едвај чекам да си го видам моето семејство. Затоа и посакувам да имам свое. На некои мои пријатели тоа им е чудно поради популарноста и сѐ друго, но јас навистина сметам дека семејството е важно.

 

 

 

 

Scroll to Top