Инцидент на изборот за песна на Евровизија во Србија: тимот на еден од учесниците исфрлен од бекстејџот

Од бекстејџот на РТС биле избркани членовите на тимот на Јован Живадиновиќ- Џипси, кој беше еден од учесниците на изборот за песна на Евровизија во Србија и важеше за еден од фаворитите.

Како што пренесуваат српските медиуми, членовите од тимот на Џипски се однесувале непријатно кон новинарите, па реагирало обезбедувањето.

Како што пишува „Телеграф“, покрај соработниците на Џипси, исфрлен бил и неговиот партнер кој ги навредувал новинарите.

„Такво непрофесионално и арогантно однесување до сега не сум видел. Срамната навреда што еден член од тимот на Џипси ја упати до новинарите е крајно проста и страшна“, изјавил новинарот на споменатиот медиум.

Се наведува и недоразбирањата започнале уште пред почетокот на фестивалот. Откако биле воведени зад сцената и еден од членовите на тимот на Џипси покажал среден прст кон камерата.

„Сите новинари се морони, идиоти, вашата работа е ретардирана“, дофрлувале од тимот на пејачот откако реагирало обезбедувањето да ги отстрани од бекстејџот.

Scroll to Top