Исчезна Сораја Вучелиќ

Поранешната учесничка во „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ, која неодамна беше протерана од Србија и прогласена за безбедносно ризична личност, исчезнала.

Ова го соопштиле од нејзиниот пиар-тим, а на официјалниот профил на старлетата се појавила информација дека последен пат била видена на 3 јуни во Будва. Нејзиното исчезнување е пријавено во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

„ИЗВЕСТУВАЊЕ“

Ги молам сите колеги и новинари да се воздржат од морбидни пораки испратени од нејзиниот „Вибер“ и да не објавуваат информации што пристигнуваат од нејзиниот број. Засега не е познат идентитетот на лицето што ги испраќа таквите пораки.

Морам да напомнам дека имам информација оти исчезнувањето на Сораја е пријавено во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора и дека чекаме на официјалниот исход на истрагата доколку информацијата е точна.

Исто така, сакам да ја известам јавноста дека Сораја Вучелиќ последен пат е видена во Будва на 3 јуни.

Во прилог на ова ја известив и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, со молба да ми пријави каков било податок од МУП Србија, кој би бил значаен за пронаоѓањето на Сораја Вучелиќ. Се чека на нејзиниот одговор и одговорот на МУП.

Ги молам сите лица што имаат каков било податок за Сораја да се јават на овој профил во инбокс со сите информации.

Благодарам!

Љубан Ковачевиќ, пиар-тим.

 

 

Scroll to Top