Писателката Исидора Бјелица веќе со години води борба со пеколната болест, но сега нејзината состојба е критична.
Таа изјави за српските медиуми дека резултатите се многу лоши.
– Знам дека Балканот е примитивна средина каде што се очекува луѓето со ваква дијагноза да се повлечат и да молчат. Јас морам да се повлечам и да умрам достоинствено, никој да не ме види таква. Ова е Балкан“, изјавила Исадора.
Писателката собрала сили и да се пошегува на сопствена сметка, поврзано со Неда Украден, која претходно објави селфи со Уснија Реџепова додека таа беше на работ од смртта поради што многумина ја критикуваа.
„Имав многу тага, стрес и бомбардирања. Ми треба чудо, а јас сум доволно луда што верувам во чудо. Резултатите ми се такви што Неда Украден може да влета и да се фотографира со менe“, изјавила Исидора.