Иван Ракитиќ пешки од аеродромот во Барселона до дома

Хрватскиот фудбалер кој игра за Барселона, Иван Ракитиќ , по слетувањето на аеродромот во Бареселона, мораше пешки да тргне кон својот дом . Причината за тоа беа  демонстраните кои  го блокирале аеродромот.

Демонстрантите незадоволни од пресудите за каталонските официјални претставници одлучиле да го блокираат локалниот аеродром Ел Прат каде претходно во текот на денот дури морала да интервенира и полицијата. Во прекин биле метрото и железничкиот сообраќај. Пред аеродромот имало поставени автомобили .

Ракитиќ тргнал пешки со големиот куфер кон дома, заедно со останатите патници кои слетале во Барселона.

Мудно Депортиво информираше дека на патот кон својот дом Иван Ракитиќ сепак успеал да фати такси .

Scroll to Top