Ивана: Уште не верувам дека сум жива, ми се случи голема трагедија

-„Ми беше пукано во глава, оперирана сум и ќе бидам добро. Не можам да разговарам, хоспитализирана сум, но не ми се загрозени виталните функции.“ – рекла актерката Ивана Панзаловиќ, неколку часа по тешкиот напад од вереникот, по кој, за среќа, преживеала.

Како што изјавила и понатаму е во шок после стравичниото сценарио, по кое останала жива.

-„Се случи голема и неочекувана трагедија. Имам поддршка и љубов од семејството, докторите, пријателите, и не стигнувам секому да се јавам. Ви благодарам на грижата.“ – кратко изјавила и понатаму вознемирената актерка.

Истакнала дека доколку претчувствувала дека вакво нешто ќе се случи, не би се довела во ваква ситуација.

-„Нека му е лесна земја на Срѓан, а му благодарам на Господ што јас сум жива.“ – навела актерката.

Scroll to Top