Ивица Дачиќ е дете од село

Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија и претседател на СПС, денес патува низ светот и лобира за Косово, а некогаш единствена грижа му била, да копа пченка.

Имено, Драган Марковиќ Палма, претседателот на ЈС и пријател на Дачиќ, пред неколку дена во утринската програма на ТВ Пинк изјавил дека лидерот на социјалистите се разбира вос е, за разлика од некои политичари, па дури знае и колку литра нафта се трошат кога се ора еден ар, а колку пати годишно се опрасува свињата.

Дачиќ во разговор за медиумите вели дека се што рекол Марковиќ е вистина, но дека тоа не терба да биде нешто премногу за чудење, затоа што сепак тој е дете од село и во животот минал многу работи.

„Јас сум дете од село, се имам минато во животот. Моите родители немаа ни земја ни стока, само куќа и мал двор, доволно за бавча. Но, одев да помагам кај вујко ми додека бев во основно школо и таму ги работев сите земјоделски работи“, признава шефот на дипломатијата и додава:

„Возев трактор, копав пченка, косев, ја полевав нивата, нижев тутун. Тие ја чуваа стоката, кравите и свињите. Никогаш не сум пробал да молзам крава, ниту присуствував кога се прасеше свињата.

Потоа Дачиќ се запишал во гимназија во Ниш, па во војска, а потоа на факултет во Белград.

На прашањето дали некогаш му се пофалил на министерот за земјоделие Бранислав Недимовиќ, што се знае да работи, лидерот на СПС изјавил:

„Не сум, што има да се фалам, секој кој живее на село, знае тоа да го работи“, дополнил Дачиќ.

На прашањето, дали ако пропадне како политичар, не му бега мотиката, тој одговорил:

„Тоа на никој не му бега, завршил Дачиќ.

 

 

Scroll to Top