Фолк-пејачката Сека Алексиќ, која денес живее во луксуз со сопругот Вељко и синовите Јаков и Јован, не крие дека имала тешко детство. Родена во Босна, таа заедно со мајка ѝ и брат ѝ како дете побегнала во Србија за да се спаси од војната, таткото алкохоличар и сиромаштијата во којашто живееле.
Иако не зборува често за минатото, Сека во скорешно интервју раскажа за страдањата кога била дете.
„Татко ми почина пред три години и не сакам многу да зборувам за него. Тој и мајка ми се разведоа одамна, затоа што беше алкохоличар. И иако беше внимателен кон мојот брат и кон мене, неа ја малтретираше. Сето тоа остави голем белег на мене. Живеев со родителите и брат ми во Зворник до почетокот на војната. Пред да избегаме од Босна, мајка ми и тато се разведоа и ми беше многу тешко. Јас пораснав преку ноќ“, рекла Сека во интервјуто.
Таа вели дека татко ѝ ќе бил многу посреќен човек ако не почнел да пие. Мајка ѝ подоцна се премажила, а очувот Милан, вели, ѝ бил како вистински татко.
„Очувот беше со нас постојано, ни помогна да ги надминеме најтешките моменти во животот. Бевме бегалци, побегнавме од војната во Босна. Во 1992 година, прво избегавме во Бања Ковиjац, каде што завршив четврто одделение од основно училиште. Не сакам да се сеќавам на тој период, беше исполнет со голема сиромаштија. Една година подоцна се преселивме во Липолист кај Шабац. Живеевме со години во просторија што училиштето ни ја даде да ја користиме, спиевме на душеци. Немавме дури ни шпорет. Соседите знаеја да готват и да донесат нешто, а знаевме да јадеме и само грав седум дена. Потоа, добивме шпорет на подарок и бевме многу среќни поради тоа“, се сеќава Сека.
Пред публика првпат запеала на 14 години, на денот на полуматурата.
„Дека публиката ме сака го сфатив тоа лето, кога на една свадба запеав песни од Цеца. Потоа се запишав во средно земјоделско училиште, но веднаш знаев дека не е ни близу до она што го сакам. Една година подоцна го имав мојот прв професионален настап за кој добив хонорар од 20 марки. Мајка ми се налути кога ѝ кажав дека сериозно планирам да работам со музика. Не сакаше да чуе дека нејзината ќерка е пејачка. Но, попушти, бидејќи наскоро почнав да работам и да заработувам пари од пеење, па го издртжував целото семејство. Сепак, за да ја исполнам желбата на мајка ми, завршив фризерско училиште, ама никогаш не се занимавав со тоа“, рекла Сека во интервјуто.