Избоден со нож зетот на Наташа Беквалац

Зетот на српската пејачка, Наташа Беквалац, ММА борецот Дамир Дадо Михајловиќ вечера околу 14 часот во Нови САД, е избоден со нож пред кафана. Михајловиќ е сопруг на една од братучетките на Наташа Беквалац.

Михајловиќ е поранешен шампион во SBC организацијата и е еден од првите српски ММА борци, признати на меѓународно нио.

Михајловиќ со уште еден другар седел во кафаната кај неговиот брат, а еден од гостите кој седел на соседната маса, го нападнал прво вербално, а подоцна и физички. Во тепачката која настанала пред кафаната, се приклучиле уште двајца мажи, кои го нападнале Михајловиќ. Едниот од нив извадил нож и му нанел повреди.

Итната помош која стигнала подоцна, веднаш го однела Михајловиќ во Ургентниот центар КЦ Војводина.

„Принен е во клиничкиот центар со бројни исекотини по телото, контузија на главата и убодни рани на двете потколеници. Пациентот по комплетната дијагностика и благовремена хируршка интервенција, е задржан на клинијата за понатамошен третман“, изјавил доктор Синиша Кнежевиќ.

 

Полицијата трага по напаѓачите и истрагата е во тек.

Scroll to Top