Излог на желби во приватно видео: Сузана Гавазова и Стојне Николова – Славни, стројни и бујни

Македонските фолк пејачки Сузана Гавазова и Стојне Николова се најдоа на едно место. Беа специјални гостинки на еден од настапите на нивниот колега, фолк Пејачот Благоја Грујовски. Седнати на иста маса, двете струмичанки ги мамеа погледите на присутните. Дотерани, средени, стокмени… обете згодни, стројни и бујни, беа вистински излог на желби на оние од посилниот пол, кои дојдоа  да го слушаат Благоја!

А кога веќе сфатија дека оклината ги стрела со погледи, убавото Стојне и сексапилната Сузана, решија да го прошират видкругот, па самите си направија свое видео кое осамна на социјалните мрежи. А на него обете фолк дами, секоја убава, згодна и привлечна на свој начин, весели и видно расположени, зрачат со својот сексапил и заводливост.

Стојнето во кусо фустанче, закопчна до грло, а сепак раскопчана колку што треба, не ги остави рамнодушни оние што беа на настапот на Грујоски, а Гавазова во свој елемент, во бел фустан со длабоко деколте кое ги нагласува нејзините бујни атрибути, мами воздишки и ги тера „со поглед да ја пијат“  оние кои ги гледаат 10-ината минути на нивното заедничко видео!

Затоа, ако се’ уште не сте го погледнале, еве Ви прилика да уживате во природните убавини на македонската фолк естрада и сиот нејзин раскош.

 

Scroll to Top