Ивана Панзаловиќ, актерката која утринава беше ранета од страна на познатиот хирург Срѓан Цветановиќ, во моментов е на операција во болница, каде што ѝ се извршува краниотомија, односно отворање на главата.
Хирургот и младата актерка биле во врска и живееле заедно. Причината за инцидентот сѐ уште не е позната.
Според првичните иформации, било предвидено Ивана денеска да биде пуштена од болница, но докторите сепак одлучиле да ја задржат и да се погрижат за хематомот кој настанал во меѓувреме.