Пејачот Сергеј Ќетковиќ пред 40 дена ги загуби родителите од коронавирус. Тој сега се огласи и напиша дека многу му е тешко, дека многу му недостигаат, но, дека животот мора да продолжи.
„Поминаа 40 дена откако моите родители ненадејно заминаа. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да продолжи. Ви благодарам на сите за зборовите на утеха, сочувство и молитви што бевте со нас. Бесконечно благодарен“, напиша Ќетковиќ.
View this post on Instagram