Ја сакав медиумската Северина, но не и онаа вистинската: Милан Поповиќ првпат зборува за времето кога беше во љубов со пејачката

Бизнисменот Милан Поповиќ кој беше во врска со Северина Вучковиќ и го имаат синот Александар, после подолго време раскажа како се запознале.

„ Бев во Будва, на брод, а телефонски разговарав со една друга хрватска пејачка. Во суштина, имав девојка Миа. Капетанот, која беше голема закачка знаеше со кого зборувам. Кога го завршив разговорот, дојде кај мене и ми рече ‘лесно ти е да разговараш со неа,ама јаде да те видам разговарај со Северина’.  Па за тоа му велам, ми требаат само 5 минути, да ја убедам. Така се случи. Имаше некои коинциденции кои доведоа до нашата средба и нашата врска“, вели Милан за локалните медиуми.

Потоа го коментираше и секс видео на Северина.

“Имав два клуба во Москва и еден во Мајами, затоа запознав многу жени, кои сè уште ги познавам и секој од нив има домашно видео. Единствената разлика е што оваа излезе во јавност, а другите не. Знаев за видеото на Северина, го гледав како и сите други, само не се сеќавам каде. Не би го ставил тоа како мана за некого, тврдам дека скоро секоја девојка има некое домашно видео.

Вака денеска изгледа човекот од порното на Северина (ФОТО)

Поповиќ за првпат јавно призна дека ја сакал пејачката, а рече дека во периодот кога биле заедно не му било крово за ниту една пара што ја дал за неа.

„Ја сакав медиумската Северина, но не и онаа вистинската. За мене беше прифатливо и нормално јас да плаќам за сѐ. Но, никогаш не размислував дека тоа е трошок сѐ додека ни беше убаво.

Потоа почнаа нејасните промени во емоциите. Од плачење, кукање, до еуфории. Немам право да обвинам некого дека е болен, но сега кога имаме дете, многу ми е важно таа да е стабилна. Но, да бидам искрен, таа треба да се лекува“ – рече тој.

Scroll to Top