Јелена била убиена дома, ја замотале во тепих, па ја фрлиле на насипот

Покрај бесконечните теории за тоа како се случило убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, во јавноста се појави и такво кое вели дека таа не била убиена на насипот во Борч, како што покажуваа првичните резултати од истрагата.

Имено, сега во јавноста се шират шпекулации дека била убиена дома, и тоа откако била усмртена, убиецот ја завиткал во тепих, па дури потоа ја фрлил во каналот.

Медиумите кај нашиот северен сосед пишуваат  дека таа имала жестока расправија со својот сопруг Зоран. Токму тој ја усмртил во тоалетот. Најпрво ја онесвестил, а потоа имал помош од уште еден член од семејството. Смртоносниот удар ѝ го задал во главата.

Ова е последното сценарио на криминолозите и инспекторите кои 18 месеци работат на расветлување на убиството од 2 април минатата година.

Scroll to Top