Јелена и Душко купија авион

Фолк-пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ си купиле приватен авион за 2 милиони евра. Бизнис авионот во моментов се произведува во Охајо, а ќе им биде доставен кон средината на летото.

„Бидејќи ќе живеат на релација Србија-Кина, вака ќе им биде многу поедноставно да патуваат. И Јелена која настапува по цела Европа ќе заштеди многу на време по аеродроми. Таа одамна сака авионот,па успеала да го наговори Душко заради новиот милионски договор“, открива извор близок на двојката.

Од оваа сезона Душко ќе игра за фудбалскиот клуб „Гуангжу“ од Кина, за годишна плата од 5.8 милиони евра.

Scroll to Top