Јелена и Душко прославија 10-годишнина

Српската фолк-ѕвезда Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ вчера прославија 10 години во брак. Пејачката на своите профили на социјалните мрежи објави слика со која се потсети на свадбата.

„На Душко му ја честитам годишнината со песната ‘Каква жена имам, поубаво да ја немам’“, напиша Карлеуша во свој стил покрај фотографијата. Таа доби многу честитки од своите пријатели и следбеници, но и пораки дека само таа знае да ги насмее до солзи со своите коментари.

Карлеуша 10-годишнината ја прослави сама, оти Душко е сè уште на Мундијалот во Русија.

Scroll to Top