Јелена Карлеуша бара јавно некој да го претепа Лука Лазукиќ

Многу јавни личности досега се огласија по прашањето со скандалот меѓу пејачката Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Повеќето и дадоа поддршка на Беквалац.

Сега со јавна порака излезе и Јелена Карлеуша, а нејзините зборови се пожестоки од оние кои во јавноста беа упатени на оваа тема.

Јелена сосема јасно, е сигурна во тоа дека Лука ја повредил Наташа, па на Твитер упатила порака во која бара некој да му го заврзе јазикот.

„Има ли некој фраер, во овој овој град, кој ќе му го заврзе јазикот на овој индијанец, кој ја претепа Наташа?! Не сакам повеќе да ми излегува од фрижидер“, порачала Јелена.

 

Scroll to Top