Јелена Карлеуша ја нападна Цеца по концертот во Македонија

Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.

Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:

„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“

Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.

Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:

„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“,  која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.

Scroll to Top