Јелена Карлeуша откри колку заработила од првиот настап

Пејачката Јелена Карлeуша неодамна откри дека првиот хонорар го заработила како придружен вокал на пејачот на народни песни Милош Бојаниќ.

„Му бев придружен вокал на Милош Бојаниќ. За тој ангажман добив тогашни 50 марки. Тоа беше мојот прв хонорар. Во тоа време бев тинејџерка. Интересно е што парите ги изгубив додека се враќав од студиото кон дома. Ете така започна сѐ“, рече пејачката.

Scroll to Top