Пејачката Јелена Карлеуша објави соопштение во кое изјави дека потпишала спогодбен развод по 16 години.
Таа се огласи на Инстаграм и соопшти дека ги потпишала документите за развод од Душко Тошиќ.
„Потпишав спогодбен развод по 16 години. Сама. Наспроти мене на сликата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот поранешен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека целиот заеднички имот (стекнат во брак) е насочен кон нашите деца, Атина и Ника. Јас сум чувар на нашите деца. ‘Другата страна’ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата бившите сопружници треба да бидат во коректни односи, јас веќе не сакам никаква врска или контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот и смрт. Во тој случај веројатно ќе умрам. Секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Мажот е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор – во добро и во лошо… и за жал или за среќа, животот ме награди со издржливост да ги надминам сите проблеми, подеми и падови, низ морето на злото, солзите и лошите луѓе од сите изминати години… Одам сама, знам. Тешко е да застанеш до мене, тешко е да одиш до мене и уште потешко да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум толку страшна. Често велат дека сум луда, веројатно се во право. Затоа до мене отсега може да стои само луд. Како мене. Не прифаќам ништо помалку. Да знам дека ме сака лудо, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам, другар судија. Одиме понатаму“, напиша Јелена Карлеуша на Инстаграм.
View this post on Instagram