Јелена Карлеуша: Тошиќ игра подобро по секс

Откако неодамна германскиот селектор Јоаким Лев им забрани на своите играчи да имаат секс, стана нејасно каква е ситуацијата со „забраните“ во другите репрезентации.

Српската поп-дива, Јелена Карлеуша, која е сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ, вели дека не е фер што српскиот
селектор Младен Крстајиќ забранил девојките и сопругите да доаѓаат на тренинг-кампот, но таа вели дека не се откажува така лесно.

„Ќе го прашаме селекторот дали може преку врски да ме пушти да го посетувам Душко во карантин. Другите сопруги на фудбалерите не се толку влијателни и мислам дека ќе ми прогледаат низ прсти. Ако имам секс со Душко во текот на Мундијалот, тој ќе игра многу подобро. Ова е од претходно искуство. Очигледно знам што правам“, вели Карлеуша за „Информер“.

Scroll to Top