Јелена: Ми годи тоа што сум важен фактор во животот на Ноле

Сопругата на Новак Џоковиќ, Јелена проговори за нејзината улога во животот на српскиот тенисер и како се носи со притисокот на јавноста.

Јелена проговори посебно во делот на тоа што се случува во кариерата на Ноле. Со оглед на тоа дека некогашниот најдобар тенисер на планетата, во последните година дена ги доживува најтешките моменти во неговиот живот, токму Јелена била таа која јавноста ја посочувала со прст, барајќи го виновникот за падот на формата на миленикот на нацијата.

Гостувајќи во утринската програма на „ТВ Прва“, Јелена говорела за тоа каква е нејзината улога во животот на српскиот тенисер.

Јелена често од страна на јавноста и навивачите е посочена како виновник за падот на Новак Џоковиќ.

„Мојата улога во животот на Ноле е комплексна. Да, тука сум, некогаш ќе останам дома, но сум со него додека тој не си замине. Секој има своја улога, јас сум мајка, сопруга, водам фондација и некои наши приватни проекти. За жал не го следам секој негов меч. Не сум го гледала против Нишкори, но го следев резултатот“, изјавила Јелена.

Таа истакнала дека верува дека нејзиниот сопруг сега конечно е на вистинскиот пат да се врати таму каде што некаде бил и дека ѝ паѓа многу тешко, кога ги слуша критиките кон тенисерот од луѓе кои не го познаваат.

„Мислам дека Ноле е на вистинскиот пат и многу сум горда на него. Горда сум на неговата сила, на неговата одлучност, љубовта кон она што тој го работи. Не ми е пријатно кога ќе слушнам како некој ќе каже дека не тренира доволно, затоа што знам што работи и го гледам тоа. Жал ми е што луѓето кои не се присутни во неговиот живот, имаат потреба да го коментираат тоа што не го знаат“, вели Јелена.

Таа истакнува дека е среќна и горда на нејзиниот сопруг.

„Морам да потсетам колку Новак има падови и успеси во својата кариера досега. Колку го заслужил таквото мислење од јавноста која од него очекува само неверојатни успеси и конзистентност во нив. Беше многу храбар кога беше на врвот на кариерата. Сакаше да проба некои нови начини и успешно ги надминуваше пречките, а јавноста тоа не го приметувала. Во неговата формула за успех додал еден важен и можам да кажам клучен фактор, а тоа е семејството, нешто кое го подигна на едно ново ниво. Знаете колку е тешко кога децата нема да ви бидат добри, кога ќе бидат болни, да ги изведете работите на професионален начин, а тоа никој да не го примети. Тој ги балансира сите овие работи, а најважно е да тој со секој свој гест го промовира своите вистински вредности и дека тоа е добар пример. Тоа што јавноста сака да пронајде во него нешто контроверзно, мислам дека тоа е повеќе потреба на медиумите да продадат повеќе весници, отколку да ја претстават правата вистина“, вели Јелена.

На прашањето на водителката како Јелена се справува со притисокот од јавноста, која директно го посочи прстот кон неа, за неуспехот на нејзиниот сопруг, таа одговори:

„Ми беше тешко, затоа што знаев колку има невистина во тие информации и колку на тој начин луѓето не му помогнуваа, туку само одмогнуваа на патот кон враќањето на победите. Примарн ние сме луѓе и грешиме. Јас, како жена која бепе на мета на некои луѓе, бев на некој начин мачена, не знам кој друг збор да го искористам. Имав одредена улога која беше до толку стриктна, што не ми дозволуваше да излезам од нејзината рамка. Мене лично ми годи тоа што сум важен фактор во животот на Ноле, но мојата улога е да му бидам љубов и поддршка, а не како што некои говорат, дека сум одговорна за неговите порази. Мислам дека тоа воопшто нема никаква врска. Јас не можам да влијаам на тоа. Јас не направив ништо за да дојде до ваквиот пад на Ноле. Единствено можам да работам на себе, да не зависам од мислењето на другите луѓе. Да останам оригинална, автентична, доследна на своите верувања и сваќања, а тоа што другите го гледаат, дали е погрешно или не, тоа исклучиво е нивна перцепција која всушност е изведена од искуствата кои тие кои напаѓаат ги имаат“, заврши Јелена во своето излагање на оваа тема.

Scroll to Top