Јелена пред Ѓоковиќ работела на шанк и во кладилница

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена, денес е успешна жена. Но, таа никогаш не криела од јавноста дека секогаш и било така во животот. Јечена, која работи како директорката на „Фондација Новак Ѓоковиќ“ како тинејџерка сакала да студира во странство, а за да си ја исполни желбата почнала да работи и сама да се снаоѓа.

„Јас последните 14 години не живеам во Србија и не жевеам како нашите млади. Мојата прва работа беше на 16 години во парфимерија. Потоа, работев во кладилница, како шанкерка правев кафиња и сокови. Сакав да заработам пари за карта во Италија за да можам да одам на студии, изјави Јелена во „Утринската емисија“ на Пинк телевизија.

А на прашањето како се финансира фонадацијата и колку вложаваат во неа, Јелена одговори:

„Постојат многу луѓе кои се јавуваат и кои нудат помош. Многу им благодарам. Но, најмногу вложуваме јас и Новак. Ние годишно вложуваме околу 2 милиони евра“, вели сопругата на Ѓоковиќ.

Scroll to Top